ММС

Објавено на: 04/29/21 12:53 PM

Скопје ќе се испразни, а ПОЦ нуди бесплатен паркинг за Велигден

За време на велигденските празници паркирањето во Општина Центар ќе биде бесплатно за сите граѓани на Република Северна Македони, соопштија од Општина Центар.

– Од 30.04. (петок) до 03.05.2021 година (понеделник) граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 04.05.2021 година (вторник) со вообичаено работно време, информираат од ЈП Паркинзи Општина Центар.

Тимот на ЈП Паркинзи на Општина Центар им ги честита велигденските празници на граѓаните од православна вероисповед.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.