ММС

Објавено на: 04/29/21 11:25 AM

Филипче: Граѓаните да бидат одговорни и да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид

Во земјава се смирува епидемиолошката состојба со Ковид-19 и не е детектирана друга форма на вирусот, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, апелирајќи во пресрет на велигденските празници граѓаните да бидат совесни и да ги почитуваат мерките.

Тоа што сега се случува, истакна министерот, оди во насока на смирување на епидемиолошката ситуација, а можност за прекршување на мерките и препораките имаше и досега има и од сега натаму. Значи тие посети во верски објекти, масовни собирања и тогаш кога не се дозволени во насока на прекршување се секогаш можни и секогаш од таму потекнуваат сите проблеми, во смисла на појава на мини кластери. Мора сите да сме свесни и со сопствeн пример, имајќи ја предвид сопствената одговорност, да постапиме така како што треба во рамки на ова што сега значи живот со мерки, препораки, превенција итн., изјави Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по донацијата од Словачка на Клиниката за детски болести во Скопје.

Според него, граѓаните мора да се свесни што треба да се прави, што не треба да се прави, како самите ќе придонесат за и понатаму епидемијата да спласнува, односно бројките да се намалуваат.

-Верските храмови се отворени, џамиите и црквите, и сега секојдневно ако има било какви служби итн. луѓето коишто не се придрждуваат до превентивнтие мерки и не водат сметка за заштита на сопственното здравје, се изложени на ризик. Не може секогаш Владата да каже и да бираме помеѓу тешки рестрикции или целосно отворање или нешто помеѓу, а граѓаните да не се вклучат самите со своите постапки и со сопствената одговорност. И тоа е суштината, дека треба да функционираме и да живееме, рече Филипче.

 

МИА

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.