ММС

Објавено на: 04/29/21 10:29 AM

Богослужбите во Австралија за Велигден ќе се вршат и на македонски јазик

 

Австралискиот министер за имиграција Алекс Хоук упати честитка до православните верници во пресрет на велигденските празници, истакнувајќи дека богослужбите во Австралија ќе се вршат и на македонски јазик.

Министерот Хоук  ги охрабри сите верниците да продолжат да ги негуваат нивните вредности и традиции.

Австралија е земја на мулти културни вредности, во неа живеат над 200 различни нации. Оттаму  министерот и го напомена богатиот културен и религиски диверзитет во Австралија и дека  богослужбите ќе се вршат на англиски, македонски, грчки, арапски, руски, украински, амхарски и романски јазик.

Фото: isamigrations.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.