ММС

Објавено на: 04/29/21 10:56 AM

Од обична жена од народот до идна кралица: Како се менуваше Кејт Мидлтон низ годините

Војводата и војводката од Кембриџ денес слават јубилејни 10 години од брак, а интересна е еволуцијата на стилот на Кејт Мидлтон од тој ден, кога го воодушеви светот во раскош, венчаница вредна 400.000 долари, до денес, кога ја потврди позицијата на модна икона.

 

Кејт која одсекогаш имала витка линија и одлично држење, никогаш немала проблем со изборот на облека, секој број фантастично и прилега. Но, она што Кејт како идна кралица би требало да го направи е со својот стил да ги смири аспирациите на монархијата и желбите на обичните луѓе во нејзиниот стил.

Од една страна имаше потреба да се претстави пред народот како војводка која не е расипничка и арогантна, но обична жена од луѓето која сака пристапни брендови, не се доуми два пати да носи исто парче облека и ја споделува облеката со својата мајка и сестра. Од друга страна требало да се задоволат и девојчињата и жените ширум светот и Велика Британија кои верувале дека принцезата треба да има посебни и препознатливи фустани.

 

Исто така, имало и други упатства што требало да ги има во предвид – облеката не смее да биде провокативна или проблематична, односно нема шлиц или деколте кој случајно би можеле да покажат премногу, а воедно треба да се труди да се поддржи работата на британската модна индустрија која ги сочинува некои од најкреативните дизајнери во светот.

 

И целта на монархијата бил имиџот на принцезата, односно идна британска кралица, се модернизира, но пак да остане на високо ниво кога е во прашање дипломатско или официјално случување.

Кејт веднаш не ги совладала сите правила, а со тек на време со помош на дизајнерите како Сара Бартон од брендот „Alexander McQueen“ ги совладала стилските финеси и успеала да креира единствен стил – дискретен и елегантен, претежно класичен и повремено со тренди детали.

 

Кејт научила кои кроеви подобро и стојат, која должина на фустани и висина на потпетици, па сега редовно ја гледаме беспрекорно облечена и без ниту една грешка.

Модните експерти велат дека нејзин адут е тоа што секогаш изгледа привлечно, а сепак никогаш како очајнички да сака да биде забележана. Исто така, годините и одат од рака на Кејт, кога е во прашање стилот – колку е постара, толку подобро изгледа во својата кралска „униформа“. Женствен фустан, еднобојни комбинации, елегантни капути, парчиња со длабок струк и класични салонки се нејзин заштитен знак и основа на стилот.

Извор:Србијаданас.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.