ММС

Објавено на: 04/29/21 9:56 AM

Израдувајте ги вашите деца – Домаќинки, еве како лесно да направите сребрени јајца!

Фарбање јајца за Велигден на поинаков начин.

Кога фарбате јајца за Велигден можете да се одлучите за природни бои или да ги украсите на необичен начин како што е овој.

Неверојатно лесно, потребни ви се само белки и алуминска фолија.

Јајцата сварете ги на вообичаен начин, а од друга страна добро изматете  една белка. Фолијата исцепкајте ја на мали парчиња.

Додека јајцата се уште се топли, но не врели премачкајте ги со белки, почекајте една минута и потоа внимателно залепете ги парчињата фолија. Добро притиснете за фолијата да се залепи за белките, а кога јајцето ќе се исуши, ќе добиете ефектна сребрена боја.

 

Извор: Мондо.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.