ММС

Објавено на: 04/29/21 9:40 AM

Опасен тренд на ТикТок: Лекарите предупредуваат дека може да предизвика и рак на кожа

Со доаѓањето на топлите месеци сите стануваат свесни за важноста на грижата за својата кожа. Нанесувањето крема за сончање честопати се истакнува како една од навиките кои може да ви помогнат да ја заштите вашата кожа. Сепак, лекарите предупредуваат на еден опасен тренд кој се шири на ТикТок, а кој дури би можел да предизвика и рак на кожа.

Трендот стана вирален откако беше објавен од манекенката  Ели Витроу од Лос Анџелес.

@stopiteli

I am convinced this works! #tutorial #contour #summer #lifehack #hack #beautyhack #snatched #tiktokwellness #hiddentalent

♬ original sound – Eli Withrow

„Хејтерите ќе кажат дека ова не делува, но уверена сум дека ако ставите основна крема за сончање на сите места на кои инаку би ставиле хајлајтер, сонцето ќе го контурира вашето лице“, објасни манекенката додавајќи дека на овој начин цело лето ќе бидете „природно контурирани“.

Сепак,  NHS наведува дека не постои сигурен или здрав начин за постигнување ппуларност. Ако не користите заштитен фактор кој ви одговара и не ги покриете сите делови од телото, ризикувате да добиете изгореници од сонцето или пак, дополнително да ја оштетите кожата.

Докторката Симран Дио вели дека УВ зраците може значително да ја оштетат кожата, посебно кај оние луѓе со посветол тен. Според неа, може да се случат трајни оштетувања на кожата, кои би можеле да се појават и во подоцнежните години.

„Јаките сончеви зраци може да доведат до рани знаци на стареење, да предизвикаат брчки и ситни линии. Тоа може да резултира и со оштетување на клетките на коѓата, што води кон рак на кожата, а влијае и врз имунитетот“, посочува докторката за MailOnline.

Од британската организација за меланом, Melanoma UK во изјава за The Sun потенцираат дека ваквиот трик од социјалните мрежи е „опасно глуп“. Кремата за сончање треба правилно да се нанесе на целото лице и тело и не може да се користи како замена за козметички третман.  Штетата е голема, а луѓето и понатаму ризикуваат. Тоа е нашиот најголем орган, а многумина се однесуваат како тоа да не е важно – се посочува во изјавата.

 

Извор:  nova.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.