ММС

Објавено на: 04/29/21 7:45 AM

Дали сте го виделе мојот сосед? – Во Германија се бара пронаоѓачот на украденото цвеќе, наградата е 100 евра

Често кај нас сме сведоци како несовесни граѓани знаат да украдат дел од хортикултуното уредување по жардињерите или парковите, понекогаш се фотографирани од случаните минувачи, а понекогаш моментот на кражба се забележува од камерите поставени пред одредени објекти.

Ако мислевте дека привлечните цвеќиња се крадат само во кај нас, еве еден пример од германскиот град Констанц каде за пронаоѓање на цветна топка во градот, пронаоѓачот ќе биде награден  со парична награда од 100 евра.

Инаку градот Констанц се наоѓа во јужна Германија на западната страна на Боденско езеро во Баден – Виртемберг. Ова езерото исто така се граничи со Швајцарија и Австрија. Градот се протега по течението на реката Рајна, како и кон езерото.

„Пролет во Констанц

Збогум зимско време, здраво пролет, сончеви зраци и шарен бои. Од денес, големите цветни топки ја красат констанцската Канцлант улица и внесуваат боја во секојдневниот живот.

„Каде што цветаат цвеќињата, светот се насмевнува“. Може да се насмевнеме само пред погледот на новите цветни топки, нели?

„Дефинитивно сме големи фанови и не можеме да престанеме да се смешкаме“.

Нашите цветни топки се толку популарни, што едната од нив е украдена.

Дали сте ја виделе?

Искрените пронаоѓачи ќе добијат награда од 100 евра“, стои во објавата на веб страницата каде може да се најдат информации за градот.

Од градот дури и се пошегувале со една фотографија, на која цветната топка има фотошопирани очи и вели „Дали сте го виделе мојот сосед?“.

Преземено од: https://www.konstanz-info.com/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.