ММС

Објавено на: 04/28/21 4:37 PM

Србија за Велигден со затворени ресторани и кафулиња, попуштање можно за две недели

На седницата на Кризниот штаб во Србија беше анализирана моменталната епидемиолошка состојба и можното ново ублажување на мерките за претстојните празници. Д-р Туодоровиќ, член на Кризниот штаб изјави дека размислуваат да ги отворат рестораните и кафулињата од 8 мај, но дека тоа ќе се случи само под услов да продолжи трендот на намалување на бројот и подобрување на состојбата.

„Дури и да е така, ќе бидат пропишани посебни услови под кои ентериерите на овие објекти ќе можат да работат“, истакна Тиодоровиќ.

Д-р Тиодоровиќ апелираше до луѓето да се вакцинираат и рече дека тикму невакцинираните се во болниците.

“Над 90 проценти од пациентите кои сега се наоѓаат во ковидските болници се невакцинирани. Ние ја истакнуваме оваа информација во преден план, така што ќе им биде јасно на сите. Најчесто невакцинираните завршуваат фатално”, предупреди Тиодоровиќ, додавајќи дека кај популацијата над 75 години , скоро 50 проценти биле вакцинирани со обете дози, додека активната популација што работи е проблематична.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.