ММС

Објавено на: 04/28/21 12:27 PM

Се судрија тротинет и велосипед во Скопје – повредено едно лице

Се судрија тротинет и велосипед во Скопје, повредено едно лице, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– На 27.04.2021 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„11 Октомври“ се случила сообраќајна незгода помеѓу тротинет, управуван од Г.С.(36) и  велосипед, управуван од Б.Н.(48), и двајцата од Скопје. Во незгодата, велосипедистката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општата болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.