ММС

Објавено на: 04/28/21 11:24 AM

Воз излета кај кумановско Романовце, хаварисани 14 вагони

Товарен воз утринава излетал од шините на пругата во атарот на кумановското село Романовце, при што 14 од вкупно 20 вагони се хаварисани.

Како што информираат од ЈП за железничка инфраструктура нема повредени во несреќата која се случила утринава во 09:20 часот. Возот сообраќајл од Трубарево кон Куманово и превезувал камен.

Оштетувања според првичните проценки има и на пругата.

– Комисијата за вонредни настани која е составена од стручни лица вработени во АД МЖ Транспорт и ЈП МЖ Инфраструктура е излезена на местото за да направи увид и ги открие причините за несреќата, соопштија надлежните.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека екипите на Македонски железници се на терен и вршат увид заедно со екипи од МВР.

Првични информации говорат дека се работи за пошумен и потешко пристапен терен каде се одвивал настанот и дека за отклонување на дефектите и враќање на пругата во нормала за употреба и користење технички ке бидат поптребни од пет до седум дена.

Никола Ивановски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.