ММС

Објавено на: 04/28/21 10:54 AM

Детали за земјотресот кој утринава го тресеше тлото на Македонија

Почувствуван земјотрес во Македонија.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево утрово, 28.04.2021 година во 05 часот и 40 минути, регистрира земјотрес од епицентралното подрачје Струмица со епицентар на 130km југоисточно од Скопje и е со локална Рихтерова магнитуда ML2.4.

Според досегашните податоци овој земјотрес беше почувствуван од населението во Струмица и Валандово со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.