ММС

Објавено на: 04/28/21 10:41 AM

Натпреварувачката од „Операција триумф“ два пати сакала да се самоубие – каде е и што прави денес Милица Мајсторовиќ

Некогашната пејачка Милица Мајсторовиќ, која се прослави по натпреварувањето во „Операција триумф“, денес не се занимава со пеење.

Мајторовиќ во 2012 година се запишала на студии по глума, а потоа две години подоцна заиграла во претстава, со која ги собрала сите симпатии на публиката, пофалби од критичарите и награди.

Милица во 2008 година учествувала во натпреварувањето „Операција триумф“, каде што стигнала до финале, а не успеала да ја изгради посакуваната музичка кариера. Публиката ја памети по хит песната „Савршени пар“, која ја снимила и на англиски јазик и настапи на „Беовизија“ во 2009 година со дуетската песна „Хејтер“ која ја снимила со колега од натпреварувањето Даниел Павловиќ.

Милица ја пратеа бројни контроверзии после натпреварувањето. Во февруари 2010 година се обидела да се самоубие, за што и самата подоцна зборувала.

-Таа ноќ се ми се собра, сто пати сама себе си си реков: „Не можам повеќе да живеам, сакам да се убијам.“Зедов две таблети за намалување на притисок и заедно ги комбинирав со алкохол, пти што боледувам од анемија и организмот ми е навистина исцрпен. Родителите во бессвесна состојба ме пронајдоа во тоалетот и повикале Брза помош. Да ми се најдеше во тој момент некој погоден предмет, којзнае што би било. И порано сум се обидувала да се повредам себе си со тупави жилети, но мислам дека Бог уште не ме сака крај себе, рекла Милица после несреќниот случај.

Милица, според пишувањата на некои медиуми, само два месеци подоцна, во април 2010 година повторно кренала рака на себе на истиот начин.

Милица стапна на лудиот камен со својот избраник Ѓорѓе Лазовиќ само неколку недели после свршувачката во 2019 година.

Извор: Курир.рс

Преведено: М.П.Насковска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.