ММС

Објавено на: 04/28/21 10:13 AM

Отсуството поради Ковид-19 да се плати сто отсто бара ССМ  

Со оддавање почит кон работниците кои починаа на своите работи места, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ја започна прес конференцијата по повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа. При тоа,синдикалците побараа Ковид -19 да се признае како професионално заболување за сите работници, додека на вработените кои ќе отсуствуваат од работа поради оваа болест, да им бидат исплатени 100 проценти од основицата на плата утврдена со закон. Ова е барањето што било утврдено на вчерашната седница на ССМ и ќе биде доставено до Владата на разгледување.

-ССМ предложи во Правилникот со листата на професионални заболувања, професионална болест да се смета и Ковид-19 не само за здравствените раобнитици туку и како и кај вработнени во други институции на работни места, кои имаат контакт со вирусот, изјави Златко Цветковски, секретар на ССМ.

Синдикатот укажа на потребата за постојано преразгледување на издвојување на дополнителни додатоци на  плата на работни места со висока изложеност на Ковид -19 да се прерагледува постојано. Цветковски побара да делуваат инспекциските служби во навремено откривање на слабостите, кои треба да се заменат со решенија за унапредување на здравите и безбедни работни места.

– Последиците од пандемијата можат да бидат катастрофални. Апелираме на заедничко, брзо делување на сите релевантни чинители затоа што од сите нас, без исклучок, зависи дали во периодот кој ни претстои ќе бидеме на висината на задачата да преземеме активности кои ќе обезбедат опстанок, рече Цветковски.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.