ММС

Објавено на: 04/28/21 8:48 AM

Имунизираните Американци можат и без маска на отворено: Здравствените власти со нови упатства

Американските здравствени експерти порачаа дека лицата кои се целосно вакцинирани веќе не мора да носат маски на отворено, освен ако не се опкружени со голем број непознати луѓе. Американскиот Центар за контрола и превенција на болести објави нови насоки, кои претставуваат чекор напред кон нормализацијата на животот, пренесува Танјуг повикувајќи се на новинската агенција АП.

Во текот на поголемиот дел од минатата година, на граѓаните на САД им се советуваше да носат маски на отворено ако се меѓусебно оддалечени помалку од пет метри.

Промената во упатствата од здравствените власти доаѓа откако повеќе од половина од возрасните Американци добија најмалку една доза вакцина против коронавирусот, а повеќе од една третина се веќе целосно имунизирани. Во упатството од Центарот се наведува дека луѓето кои се целосно вакцинирани не мора да носат маски во текот на активностите на отворен простор кога се сами или со членови на своето семејство.

Исто така, без маска ќе може да се присуствува и на помали собири на отворено со целосно вакцинирани луѓе. Центарот има за невакцинираните лица сосема поразлични упатства, како и за оние кои допрва треба да примат две дози. За нив се препорачува да носат маска на сите собири на отворено кои вклучуваат и други невакцинирани луѓе, а освен тоа би требало да продолжат со користење маски и на терасите од рестораните. Заедничката порака и за едните и за другите е дека би требало да продолжат со носење маска на масовни собири, како концерти, спортски случувања и сличн. Таквата препорака се однесува на затворени јавни простори како фризерски салони, ресторани, музеи, кино сали или трговски центри.

 

Извор:   balkans.aljazeera.net


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.