ММС

Објавено на: 04/28/21 8:42 AM

Граѓаните денеска почнуваат со собирање на потписи против дигиталните учебници

Граѓани организирани преку фејсбук група упатија повик до родителите, наставниците, научниците, академиците за собирање на потписи против Законот за учебници и други дидактички материјали за основно и средно образование. Пунктот за потпишување ќе биде поставен денеска од 10 до 14 часот пред Министерството за образование и наука.

Во повикот се наведени барањата, на како што стои „група граѓани“ за стопирање на целокупната постапка со донесување на Законот, да се организира јавна расправа за предложените законски измени и барање за учество на стручни лица и членови на групата на граѓани во ревизија и интервенција на овој Закон. Ставот на оваа груоа граѓани е дека Законот не само што не ги решава актиелните проблеми во образованието, туку уште повеќе ги усложнува.

Владата засега не отстапува од измените и воведувањето на дигитални учебници. На вчерашната седница, Владата го усвои текстот на Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование. Во образложението на законот се вели дека законското решение  од потребата од воведување на целосно нов систем за изработка и одобрување на наставни средства и материјали како резултат на консултациите со засегнатата и стручната јавност, наставниците, учениците, но и со родителите/старателите околу квалитетот на учебниците.

Иако Законот прво беше повлечен, непосредно пред седницата беше повотрно вратен на дневниот ред на седницата на Владата.

-При изготвување на новото законско решение беа земени предвид стратешките документи и препораки донесени од страна на Европската Комисија кои се однесуваат на образованието и дигитализацијата во чиј фокус се развојот на дигиталните вештини на учениците, креирањето и употребата на дигитални наставни материјали, развојот на едукативни платформи, развојот на дигиталните вештини на наставниците и трансформацијата на училиштата во средини во кои се негуваат и развиваат дигиталните вештини и компетенции на учениците со крајна цел поголема инклузивност и зголемување на квалитетот на образовниот процес, објави владината прес служба.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.