ММС

Објавено на: 04/28/21 8:08 AM

Денеска макисмални 25 степени, утре летни температури до 31 степен

Времето денеска претпладне е сончево со умерена облачност, а попладне ќе има појава на локална нестабилност со повремени врнежи од дожд. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

30.04.2021 (четврток)

Минимална температура: 6°C до 12°C
Максимална температура: 22°C до 31°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец.

31.04.2021 (петок)

Минимална температура: 8°C до 14°C
Максимална температура: 24°C до 32°C

Умерено облачно со умерен до засилен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта кон недела во западните делови ќе има услови за локален дожд.

01.05.2021 (сабота)

Минимална температура: 8°C до 15°C
Максимална температура: 24°C до 33°C

Претпладне променливо облачно со услови за слаб локален дожд во западните делови. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, во западните делови засилен западен ветер.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.