ММС

Објавено на: 04/28/21 7:54 AM

(Видео) Како да ги боите јајцата со пена за бричење

Боењето јајца со пена за бричење стана вистинска мала авантура, а жените ширум светот излегуваат со разни начини да го направат тоа на наједноставен и најефикасен начин. Денес ви претставуваме идеја, како да обоите јајца со помош на пена за бричење. Кога станува збор за сликање јајца со пена за бричење, најдобро би било да користите бели јајца, или веќе избелени јајца. Сепак, боите најдобро се гледаат кога позадината е бела. И не е тешко да ги избелите.

За најубавите и најшарени јајца, изберете повеќе бои!

Боење јајца со пена за бричење – неопходен материјал, а ќе ви требаат:

варени јајца

Пена за бричење

Прехрамбена гел боја

чепкалка за заби

салфетки

Подготовка: Добро изладете ги варените јајца и избришете ги. Во една чинија или тава, распоредете ја пената за бричење рамномерно, како што правите со белките од јајцата кога печете торта. Преку пената капнете неколку капки од разни бои. Истегнете ги овие бои со чепкалка за заби за да добиете прекрасни дезени што се мешаат. Потоа, „натопете“ ги јајцата во оваа шарена пена и оставете неколку минути. Лушпата од јајцето ќе ја апсорбира бојата, а се што е потребно тогаш е добро да се избрише пената. Јајцата можете да ги премачкате со малку масло, за да заблескаат подобро, а бојата да биде поинтензивна. За повеќе нијанси, можете да користите и калап за мафини:

Извор: http://mojrucnirad.com/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.