ММС

Објавено на: 04/27/21 6:50 PM

Не ми е жал, не сакам препукувања пред празниците, изјави Пауновски по разрешувањето

Директорот на Државниот пазарен инспекторат во изјава за ММС кратко ја искоментира одлуката на владата за неговото разрешување од неговата функција со која раководеше три години. Во духот на христијансктие празници порача:

-Воопшто не ми е жал што ме разрешиле, пред празникот не сакам да им препукувања, само простете им не знаат што прават.

Како што ни истакна во СМС порака, најважно за него било да ги слушне аргументите.

-За мене најважно ми беше да ги слушнам аргументите, затоа што бев сигурен дека или воопшто или погрешно му било пренесено на премиерот, рече за ММС, Пауновски.

За разрешувањето коментар не добивме од портпаролката на ДПИ Александра Котели, која додека траеше собирање на потписи за промена на одлуката за разрешување на Пауновски во име на целиот инспекторат беше во постојана комуникација со новинарите, попладнево таа не се јави на телефон.

Дел од инспекторите за ММС исткакнаа дека разочарувањето е големо, затоа и не сака инспекторатот јавно да зборува.

Останува отворено прашањето како утре ќе работи Пазарниот инспекторат по новата одлука на владата за работа на угостителските објекти, ако знаеме дека летните тераси на кафулињата и рестораните ќе функционираат, а директор ДПИ институција која ги треба да ги контролира и санкционира овие објекти нема.

Кој ќе има дава налози на раководителите на подрачните одделенија да постапуваат, прашање кое останува отворено ,а за кое владата не се изјасни која го разреши Пауновски, а не назначи нов.

Инаку, на денешната седница на Владата, донесена е консензуална одлука за разрешување на директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.

Причината за разрешувањето, како што велат од Владата во краткото соопштение на нивниот профил на социјалната мрежа „Фејсбук”, се состои во непрофесионалното однесување на Пауновски.

 -Согласно член 10, став 1 од Законот за Државен пазарен инспекторат (ДПИ) според кој Владата го именува и разрешува директорот на ДПИ, на денешната седница Владата го разреши Стојко Пауновски од функцијата директор на ДПИ, поради неговото непрофесионално однесување. Оваа консензуално донесена одлука е донесена според Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на владата и според законот за Државен пазарен инспекторат, стоеше во соопштението на Владата.

Политичкиот конфликт на релација Влада-Пауновски, настана по одбивањето од страна на Пауновски да се потпишат рамковните вработувања кои ДПИ ги доби од Министерството за политички систем предводено од Артан Груби.

Пред малку на својот Фејсбук профил Пауновски се заблагодари на соработниците.

–Огромна благодарност до сите граѓани кои во мојот “пркос” ги согледаа моите искрени намери и желба за силна, стручна и независна Европска институција. напиша Стојко Пауновски на својот Фејсбук профил и додаде:

-Патот на одбрана на интегритетот и професионалноста на институцијата со која раководев, за жал, не наидоа на разбирање од премиерот. При ова обраќање, сакам да упатам посебна благодарност до сите вработени во ДПИ кои во оваа битка застанаа рамо до рамо со мене и докажаа со факти дека сите одлуки ги носевме заедно, без разлика што јас им бев претпоставен. Горд сум на се што направивме заедно!  Ми беше чест да работам за Вас и од срце Ви посакувам подобар директор со кого ќе продолжите таму каде што јас застанав, објави Пауновски на својот Фејсбук профил.

Огромна благодарност до сите граѓани кои во мојот “пркос” ги согледаа моите искрени намери и желба за силна, стручна и…

Posted by Stojko Paunovski on Tuesday, April 27, 2021

 

 

 

Зоран Димовски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.