ММС

Објавено на: 04/27/21 5:22 PM

Поради непрофесионално однесување, Владата го разреши Стојко Пауновски

На денешната седница на Владата, донесена е консензуална одлука за разрешување на директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.
Причината за разрешувањето, како што велат од Владата во краткото соопштение на нивниот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“, се состои во непрофесионалното однесување на Пауновски.

-Согласно член 10, став 1 од Законот за Државен пазарен инспекторат (ДПИ) според кој Владата го именува и разрешува директорот на ДПИ, на денешната седница Владата го разреши Стојко Пауновски од функцијата директор на ДПИ, поради неговото непрофесионално однесување. Оваа консензуално донесена одлука е донесена според Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на владата и според законот за Државен пазарен инспекторат, стоеше во соопштението на Владата.

Политичкиот конфликт на релација Влада-Пауновски, настана по одбивањето од страна на Пауновски да се потпишат рамковните вработувања кои ДПИ ги доби од Министерството за политички систем предводено од Артан Груби.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.