ММС

Објавено на: 04/27/21 2:59 PM

Сите ги заборавила, само неговото име не – Жената на познатиот пејач боледува од Алцхајмер

Британскиот музичар Џон Лајдон (65) е 45 години во брак со 14 години постарата сопруга Нора Форстер. Парот се венчал во 1979 година, а сега поминува низ тежок период од 2018 година кога на Нора и е дијагностицирана Алцхајмерова болест.

Пејачот и текстописец на легендарната панк група „Секс Пистолс“ од тогаш ја негува и го цени тоа што него не го заборавила. Дури неодамна прифатил дека нејзината здравствена состојба е неизлечлива и дека никогаш нема да се подобри, пишува The Times.

-Алцхајмер е исцрпувачки, процес кој се одвива полека, низ кој поминуваме заедно. Мене не ме заборави. Ги заборави сите освен мене, раскажал музичарот.

-Знам дека тоа ќе прерасне во нешто посилно, многу страшно, но се соочуваме со тоа достоинствено. Мислам, би било лесно да се побегне и рече: „Тоа не е моја одговорност, работите не се исти како некогаш. Но тоа е ср*ње“, рекол пејачот.

Како што рекол, и ветил на сопругата дека ќе бидат заедно до крајот на животот и се уште стои зад тие зборови, истакнувајќи дека е горд што прави се најдобро што може за неа.

Музичарот објаснил дека тој и Нора се сакаат и после 45 години од брак.

Извор: Стил.курир.рс/Фото:Профимедиа

Преведено:М.П.Насковска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.