ММС

Објавено на: 04/27/21 2:17 PM

Велат дека е една од најубавите жени во светот: Има 47 години, не користи ботокс,, се омажила во тајност

Актерката Пенелопе Круз уште во 90-тите важеше за една од најубавите жени во светот, а нејзината убавина со години воопшто не бледнее.

Славната актерка која оваа недела го слави својот 47. роденден, актерската кариера ја започнала како тинејџерка. Во својот прв филм „Jamon Jamon“ (1992) имала само 17 години, а интересно е што тогаш глумела со Хавијер Бардем (52) со кој после 18 години се омажила.

На снимањето на филмот „Небо со боја на ванила“ се случила романса со колегата со слично презиме, Том Круз, со кој била во врска од 2001 до 2004 година. Во време на снимањето на филмот Том бил во брак, но Пенелопе инсистирала на тоа дека меѓу нив не се случило ништо додека не се развел од Никол Кидман.

Врската со Бардем ја потврдила дури на црвениот тепих на доделувањето на наградите Гоја во 2010 година, истата година кога се венчале, а парот до тогаш бил во врска веќе три години.

Повторно се споиле на снимањето на сетот за филмот со кој Пенелопе добила Оскар, а судбоносното „да“ го кажале на интимна церемонија во вилата на својата пријателка на Бахамите. Во бракот добиле и две деца, синот Лео кој е роден во 2011 година и ќерката Луна која е родена во 2013 година.

Извор: Стил.курир.рс/Фото: Profimedia

Преведено: М.П.Насковска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.