ММС

Објавено на: 04/27/21 12:46 PM

Сега е крал на ќебапите, а некогаш беше шампион на светот – Фудбалерот Лукас Подолски во бизнисот со сендвичи

Германскиот фудбалер Лукас Подолски кој со репрезентацијата на Германија беше светски првак во 2010 година ја привршува кариерата како играч во Турција и полека разработува сопствен бизнис.

Веќе неколку години се занимава со угостителски бизнис и признава дека му оди добро и покрај пандемијата. Тој отворил неколку продавници за брза храна во кои доминираат ќебапите така што отсега се знае дека ќе биде целосно посветен кога ќе ги закачи копачките на клин.

– Почнав кога играв за Галатасарај. Имам комшија Турчин во Келн и станавме ортаци. Почнавме со достава, а сега имаме 11 такви продавници во и околу Келн – истакна Подолски.

Напаѓачот роден во Полска се пресели многу рано во Германија и во Келн ги помина најдобрите денови од животот, па одлучи дека во овој град ќе живее и после кариерата, а сега развиениот бизнис е доволен мотив да не се сели во Берлин, Минхен или некоја друга земја.

– Имам и две слаткарници во Келн, но пред се, задоволен сум од ќебапите и сладоледите. Иако играм фудбал, секојдневно сум вклучен во бизнисот

Играчот во моментов е член на Анталијаспорт во Турција и прашање е колку долго ќе игра затоа што има 35 години. Тој настапуваше за Келн, Баерн Минхен, Арсенал, Интер, Галатасарај и Висел Кобе од Јапонија.

Извор: Mondo.rs

фото: bundesliga.com

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.