ММС

Објавено на: 04/27/21 9:51 AM

Бил социјален случај, а денес заработува милиони – Кој е Едуар Менди, голманот на Челзи кој цела година живеел од социјална помош

После големите турбуленции од минатата недела предизвикани со изјавата на 12 богати клубови дека имаат намера да се одметнат од УЕФА и да основаат своја Суперлига, денес сепак се враќа традиционалната Лига на шампиони со првиот полуфинален натпревар помеѓу Реал Мадрид и Челзи.

Додека УЕФА смислува начини како да ги казни Реал и Челзи, два од 12 заговорници за основање на новата лига, ова полуфиналето носи една убава човечка приказна за голманот на англискиот тим, Едуар Менди.

Овој голман роден во Франција во 1992 година Челзи го плати лани 25 милиони евра, но ретко кој знае дека до неодамна примал социјална помош.

Пред само седум години добил отказ во Шербур, француски третолигаш и после тоа цела година бил без клуб. Поради тоа Менди се сомневал дека некогаш ќе се заминава со фудбал и почнал да бара работа во различни области.

– Да ми речеше некој дека пред шест години ќе завршам овде, немаше ниту да се потрудам да го слушам – изјави Менди неодамна во едно интервју.

Во 2015 година добил понуда да стане четврти голман на Олимпик од Марсеј и тоа сосема случајно. Еден негов бивш соиграч го препорачал на тимот, па Менди станал резервен голман во резервниот тим на Марсеј Б.

– Ме спаси понудата од Марсеј. Претпладне тренирав, попладне работец затоа што помошта за невработени не ми беше доволна. Имав бремена девојка. Понудата од Марсеј стигна во вистински час – вели Менди.

Од тогаш му тргнало и од 2016 година бранел за Ремс, потоа за Рен каде што бил еден од клучните играчи што тимот се пласирал во Лигата на шампионите.

Сега во Челзи заработува близу четири милиони евра годишно, а вечерва ќе се состане со тимот во кој настапува неговиот роднина Ферлан Менди, Реал Мадрид.

 

Извор: Mondo.rs

Фото: Twitter


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.