ММС

Објавено на: 04/27/21 9:48 AM

Посни јадења само на вода – започна најстрогата недела пред Велигден

Последната недела од Велигденскиот пост е навистина строга и се пости само на вода. Неколку предлози за најдобрите посни јадења:

Качамак

Потребно е: 300 гр. Бело или жолто пченкарно брашно, ½ литри вода, сол.

Водата посолете ја и ставете ја да проврие. Кога ќе почне да врие, ставете го во неа брашното во тенок ммлаз и мешајте непрекинато. Добро сварениот качамак не смее да има грутки, а се готви најмалку 10 минути на најсилно со непрекинато мешање со дрвена лажица. Може да се јаде во прилог со риба, сос од домати или лук.

Пиперки полнети со пченица

Потребно е: 8 пиперки, 200 гр.буковец, 500 гр. Пченица, 3 чешниња лук, 100 гр домати, 300 гр праз, пола лажичка слатка павлака, босилок.

Ситно исечкајте го празот и буковецот, а доматите исечете ги на коцки. Дистанте го лукот и слатката павлака, па додадете претходно сварена пченица. Додадете зачини по вкус, малку босилек и со подготвената смеса наполнете ги пиперките. Наредете ги на плех за печење, покријте ги со фолија и печете 30 минути на 180 степени.

Кнедли од компири

Потребно е: 500 гр компири, 500 гр брашно, презла, сол

Компирот сварете го со лушпа, потоа излупете го, испасирајте, посолете и замесете го со брашно. Тестото развлечете го како кора, па сечете коцки и спуштајте ги во солена вода што врие. Кнедлите се готови кога ќе почнат да испливаат на површина. Валајте ги во презла и послужете ги топли како прилог (на пр. Со риба).

Чорба од зеленчук

Потребно е: 1 компир, 1 главица кромид, 1 морков, 1 пиперка, 2 л.вода, ½ лит. Сок ос домати, 2 лажици зачин, сол.

Исчистете ги и измиете ги, па ситно исечкајте ги компирот, морковот, кромидот и пиперката. Полијте ги со вода и сварете. Пред крајот додадете сок од домати, зачин и тргнете од огин. Посолете со желба.

Рибји паприкаш

Потребно е: 1 кг риба, 3 главици кромид, 4 пиперки, 5 домати, 1 лута пиперка, билки како зачин, литар и пол вода, сол.

Ситно исечкајте го кромидот и динстајте го со сецканата пиперка, доматите и лутата пиперка. Додадете вода, во која се ставиле ситни парчиња исечена риба и зачини. Посолете по желба. Паприкашот се готви на тивко без мешање, само повремено се протресува тенџерето.

Извор: Курир.рс

Преведено: М.П.Насковска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.