ММС

Објавено на: 04/26/21 11:01 PM

„Пинк Пантер“ паднал во Аргентина! Украл накит вреден 2,5 милиони евра!

На 20 април, одделот за Интерпол на Федералната полиција го уапси Звјездан Бегиќ, родум од Црна Гора, обвинет дека бил дел од меѓународната организација „Пинк Пантер“, позната по спектакуларни кражби на скап накит.

Роден е во Подгорица, бегаше од правдата затоа што беше осуден на 15 години затвор во Франција, а се бараше и за разбојништво во Милано.

Уапсениот Црногорец влегол во Аргентина преку тројната граница, што е потврдено од извори на Интерпол, со лажен пасош на Европската унија на име Миран Бегиќ, како што инаку се вика неговиот братучед.

– Кога ја премина границата, се смести во Буенос Аирес. Живееше во стан, каде беше уапсен. Според обвинението поднесено против него, тој припаѓа на озлогласената банда крадци на накит „Пинк Пантер“, одговорен за најмалку 130 грабежи на накит чија вредност се проценува на десетици милиони долари. Французите трагаа по Бегиќ од 2005 година, а италијанската полиција од 2017 година – пишува аргентинскиот портал.

Тие наведуваат дека групата „Пинк Пантер“ се состои целосно од членови од поранешна Југославија.

– Бегиќ се бара за два специфични напади за кои истражителите се сомневаат во него. Првиот датира од 2005 година, кога Бегиќ и колега наводно упаднале во златарница во Сен Тропе, Франција, од каде украле накит вреден два милиони евра. По грабежот, тој избегал со брод, а француските полицајци го гледале како бега со пленот, не можејќи да стори ништо – се наведува понатаму во текстот.

Дванаесет години подоцна, Бегиќ и двајца колеги вооружени влегоа во златарницата „Парадизо Лукери“ во Милано, од каде зедоа 20 часовници „Ролекс“ и две нараквици во вредност од по 200 000 евра.

По идентификувањето во грабежите, Бегиќ дознал дека Интерпол и разни европски полицајци интензивно го бараат. Според истрагата, ова не било прв пат да користи друг идентитет. Агентите на Интерпол се предупредени дека Бегиќ може да влезе во Аргентина со лажен пасош на име Тимофи Ваненко.

По интензивната истрага која траела една година, истражителите го пронашле и уапсиле. Бегиќ бил уапсен додека одел по улицата. Покрај лажните документи, како што објавија аргентинските медиуми, кај него биле пронајдени 57.600 пезоси, 870 евра и повеќе од 2.000 долари.

Процесот на негова екстрадиција е во тек.

Извор: republika.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.