ММС

Објавено на: 04/26/21 11:03 PM

(ФОТО) Превртените лалиња во Турција импресионираат со својата убавина и изглед

Превртените лалиња што растат во подрачјето на Геваш, во источната турска област Ван, познати како „плачот на невестата“, импресионираат​​​​​​​ со својата убавина и изглед, пишува Агенција Анадолија (АА).

Необичниот вид лалиња, чии цветови се свртени надолу, се предмет на многу верувања и легенди.

Областа во која расцветаа лалињата го привлекува вниманието на голем број мештани, туристи, љубители на природата и фотографи.

Овој вид лалиња расцветуваат во црвени, жолти и бургундски бои, а исто така придонесуваат за промоција на регионот.

Љубителот на природата, Азиз Сајдут, во изјавата за Агенција Анадолија (АА) рече дека неколку десетици луѓе секоја година доаѓаат во градот за да ги видат превртените лалиња.

Објаснувајќи дека лалињата се важна вредност со туристички потенцијал, Сајдут додаде:

„Превртените лалиња имаат многу краток век. Овие лалиња, познати како цветот на тагата, нудат неверојатен поглед за посетителите. Можно е да се видат сите нијанси на сина и зелена боја спроти островот Акдамар во езерото Ван.“

Ерџан Улуташ, кој пристигнал во Ван за да ги види превртените лалиња, рече: „Ова е многу значајно место во однос на туризмот. Илјадници луѓе доаѓаат тука секоја година. Поради епидемијата оваа година од странство не дојде никој. Но, локалното население не ја пропушта оваа можност. Тие што ќе го посетат местото се сведоци на оваа убавина. Превртените лалиња се важна вредност и треба да бидат заштитени.“


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.