ММС

Објавено на: 04/26/21 10:31 PM

По Упамекано, Баерн ќе им го земе и тренерот на Лајпциг

Замената за Ханси Флик, кој извесно е дека ќе седне на столчето на германската фудбалска репрезентација, Баерн Минхен ја пронајде во конкурентот за титула во Бундеслигата.

Баварците ги договориле персоналните услови со Јулијан Нагелсман, а само отштетата за неговиот премин во моментов претставува пречка за официјализирање на неизбежното, пренесува германски „Sky Sports“.

За 33-годишниот тренер, еден од најталентираните во светски рамки, клубот од источна Германија бара дури 25 милиони евра. „Бејби Мурињо“, во изминатиов период се поврзуваше со преселба во Англија, конкретно во екс-суперлигашот Тотенхем, но сепак актуелните европски прваци успеале „пред нос да го соберат“ некогашниот предводник на Хофенхајм и долгорочно да ја обезбедат позицијата тренер.

Нагелсман лани со Лајпциг за првпат стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите, а сезонава е пред прагот да биде германски вице-првак со тимот на Лајпциг.

Баерн годинава веќе пазаруваше во Лајпциг, откако го ангажираше францускиот централен дефанзивец, Дајот Упамекано.

 

 

Фото:

theathletic.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.