ММС

Објавено на: 04/26/21 9:08 PM

(ФОТО) Несторовски од тренингот на Удинезе до операциона сала: Македонскиот напаѓач неизвесен за Европското првенство

Лошите вести брзо се шират, а веста за повредата на шпицот на Удинезе и македонската фудбалска репрезентација, денес го затекна селекторот Ангеловски и фудбалската јавност во земјава.

Илија Несторовски од тренингот на својот матичен клуб заврши утрово во операциона сала. Клупската сезона за некогашниот играч на Интер Запрешиќ и Палермо е завршена, а настапот на претстојното Европско првенство е под огромен знак прашалник.

Специјалистичките наоди од клиниката „Villa Stuart“ во Рим, ќе покажат дали станува збор за истегнување на лигаментите на левото коленото или нивно оштетување.

Првичните прогнози велат дека Несторовски би можел да биде оддалечен од терените од четири до шест месеци. Ваквата информација ќе претставува проблем плус во тактичките замисли на Игор Ангеловски пред натпреварите во јуни со Австрија, Украина и Холандија.

За потсетување, Несторовски доби „казна“ од неиграње на еден натпревар, оној историскиот против Германија во Дуизбург, поради несоодветно и непрофесионално однесување на дуелот во Скопје со Лихтенштајн, откако упати погрдни зборови во камерата по постигнувањето на петтиот погодок од белата точка.

 

 

 

 

Фото:

Twitter


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.