ММС

Објавено на: 04/26/21 7:41 PM

(ВИДЕО) Ентони Хопкинс по добивањето на Oскарот му оддаде почит на Чедвик Босман

Иконата на „Холивуд“, Ентони Хопкинс, вчера на 93-тото доделување на филмските „Оскари“, ја доби златната статуетка за најдобра машка улога во остварувањето на Флоријан Зелер, „Тhe Father“ („Татко“).

Поради пандемиските околности, цереномијата мораше да се одржи во тетарот „Долби“ и други локации во Лос Анџелес, следејќи ги повеќе или помалку здравствените протоколи и мерки.

Осумдесет и тригодишниот Хопкинс, стана најстариот актер кој го доби ова признание од Американската академија за филмска уметност и науки, а интересно е тоа што ова за него претставува само втор Оскар во својата врвна и богата кариера, по добивањето на наградата за најдобар машки актер во 1992 година во филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“.

Ентони Хопкинс во драмата што можеби ќе стави и печат на неговата професионална кариера, совршено ја доловува улогата на дементен старец кој одбива помош од своите најблиски и започнува да се сомнева во љубовта кон нив, својот ум и перцепцијата за реалноста.

Ветеранот уште еднаш им одржа лекција на своите помлади колеги, додека пак церемонијата и големата награда ја проследил од „стариот континент“, односно од неговиот ранч на село во Велс.

Оттаму, Ентони Хопкинс се заблагодари на Академијата, неговите колеги и луѓето кои ја вреднувале неговата изведба, но не го заборави и прерано починатиот актер, ѕвездата на „Black Panther“, Чедвик Босман, кој исто така беше номиниран за најдобра машка улога.

-Добро утро, овде сум во мојата земја во Велс. На оваа возраст не очекував дека ќе ја добијам оваа награда, навистина не очекував. Многу сум благодарен на Академијата. Би сакал да искористам прилика да оддадам почит и чест на прерано починатиот колега, Чедвик Босман, изјави кратко во видео-обраќањето Хопкинс.

Актерската кариера Ентони Хопкинс ја стартува во “60-те години. Првото појавување на филмското платно е во британско-американската драма „The Lion in Winter“.

 

 

Фото:

Twitter / Screenshot / @TheFIlmUpdates

д.ј

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.