ММС

Објавено на: 04/26/21 6:56 PM

Украинскиот претседател Зеленски даде инструкции за организирање средба со Путин

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски соопшти дека му дал упатства на шефот на канцеларијата на украинското претседателство, Андриј Јермак, да организира средба со рускиот претседател, Владимир Путин, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според украинската официјална новинска агенција „Укринформ“, Зеленски истакна дека како одговор на неговиот предлог да се сретнат во Донбас, Путин го поканил во Москва.

Наведувајќи дека му дал инструкции на Јермак да го контактира Кремљ во врска со деталите на состанокот, како што се местото и времето, Зеленски рече дека важно е разговорите и преговорите да бидат одржани.

Зеленски, исто така, нагласи дека местото на состанокот е само еден детаљ.

Украинскиот претседател Зеленски му понуди на Путин да се состанат во Донбас на 20 април.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.