ММС

Објавено на: 04/26/21 3:36 PM

(ВИДЕО) Многу те сакам, толку ми недостигаш, со солзи рече Винтерберг додека го примаше Оскарот

Само четири дена после почетокот на снимањето на филмот се случи незамислива работа. Несреќата на автопатот засекогаш ја однесе мојата ќерка. Некој, очигледно, гледал во својот мобилен телефон. Така те сакам, така ми недостасуваш – со овие зборови, изговорено со солзи, данскиот режисер Томас Винтеберг го прими синоќа Оскарот за најдобар странски филм, „Уште една тура“.

Номиниран и во категоријата за најдобар режисер, на 93. Доделување на Оскар, го понесе принанието за најдобар странски филм. Сонувал од својата петта година, признал, како еден ден ќе добие Оскар и смуслувал победнички говор целата кариера, на најразлични места, од својата соба, преку железничка станица до тоалет.

А тој момент кога Томас ја прими златната статуетка бил најпотресниот на церемонијата во Лос Анџелес.

Рекол дека баш неговата ќерка Ида го охрабрила да сними филм „Уште една тура“, за наставниците во едно училиште кои уживаат во пијанство воо кој главната улога ја игра Мадс Микелсен. Филмот е снимен во училиште, кое го посетувала неговата ќерка.

-Два месеци пред да почнеме со снимање, два месеци пред да почине, беше во Африка. И ми прати писмо дека е воодушевена од сценариото. Требаше да биде дел од филмоот.. Ако некој се осуди да поверува дека е овде со нас може да види како аплаудира и се радува со нас. Бидејќи овој филм на крајот го направивме за неа, овој филм е споменик за Ида.

https://www.youtube.com/watch?v=8tAR5z2r2vE

Извор: Нова.рс

Преведено: М.П.Насковска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.