ММС

Објавено на: 04/26/21 11:01 AM

Со „QR code“ пациентите ќе знаат што се работело врз нивното око – Со д-р Наум Трпеноски од Промедика Офтамологија за новитетите во работата

Комерцијална објава

 

Што е тоа QR code и зошто им влева доверба на пациентите е само едно од прашањата во разгов орот со д-р Наум Трпеноски од Промедика Офтамологија, која продолжува да реди успеси. Д-р Трпеноски објасни кој е бенефитот од „QR code, но и за моменталните трендови при вградување на интраокуларни леќи. Во разговорот д-р Трпеноски објасни и колку е важна опремата при операција на катаракта, и новитетите што наскоро ќе ги има во Промедика Офтамологија.

Што е тоа QR во здравството?

-Машински читлив код составен од црно бели квадрати, кој во нашата очна клиника е наменет за да се добие дигитална снимка на целиот оперативен тек. Сите пациенти 15 по операцијата го добиваат својот QR код во отпусното писмо и истиот може да биде скениран со камерата од смарт телефонот. Преку оваа дигитална снимка оациентот ја гледа својата операција во целост, односно како бил опериран, дали хирургот работел според сите протоколи на оперативниот зафат, согласно претходната дијагноза и каква интраокуларна леќа е вградена.

Што треба да се направи за да се вгради „QR code“?

-Потребна е одредена опрема како и софтвер за истата, постојат фирми на пазарот кои ја прават оваа апликација. Нашата Клиника Промедика самостојно ја поседува оваа апликација и горди сме на тоа.

Какво е моменталното законско решение за снимање на операциите на пациентите?

-Моменталниот Закон за здравствена заштита бара хируршките интервенции на катаракта и на задниот сегмент, како и сите останати офтамолошки интервенции да се снимаат и архивираат. Дали тоа се прави во други очни клиники е друго прашање, меѓутоа законот предвидува сите хируршки интервнеции  да се снимаат и архивираат, но не и да се дадат на пациентите се додека некој судски орган тоа не го побара. Ние отидовме нешто подалеку од предвиденото и на секој пациент му го даваме тој „QR code“  (снимки од сопствената интервенција) , кој е дел од секое отпусно писмо.

Како реагираат пациентите на ова ваше решение?

-Пациентите добиваат многу поголема доверба во нашата работа. Ги прави спокојни информацијата дека тие ќе знаат што се работело врз нивното око.

Кој е вашиот бенефит од овој „QR code“?

-Има многу позитивни нешта. Најпрво ние самите сме заштитени, бидејќи се гледа дека сме работеле според сите светски стандарди и протоколи кои го опфаќаат текот на операцијата, пример при операција на катаракта. Потоа при секоја контрола на пациентот во друга офтамолошка установа, секој наш колега може да види што сме работеле и што е направено при таа операција и секој офтамолог, кој претходно, не ја правел таа операција, а треба да му пружи лекување на пациентот има многу полесна задача бидејќи знае што веќе е направено.  Исто така од големо значење е и за едукација на помладите колеги , кои во секое време може да ги погледнат овие интервенции и да го надополнат своето знаење. Бидејќи се занимавам и со научна работа овие снимки ми користат во секое време за одредени истражувања.  Како и при работа со Фондот за здравство се воведува голем ред и почитување на законитоста бидејќи точно може да се види што е работено а и што е фактурирано на Фондот, каде веќе нема простор за злоупотреба, а да бидеме искрени, тие се доста чести.

Која е најчеста операција која ја снимате?

-Секако тоа е операцијата на катаракта, годишно имаме околу 800-1000 операции и сите пациенти во отпусното писмо го добиваат овој „QR code“ (снимка од операцијата), како и сертификат за леќата која им е имплантирана.  Од екс Ју државите единствено кај нас се прават операции со 3D опрема која овозможува дополнително да се зголеми видливоста и прегледноста при оперативниот зафат од страна на хирургот, па со самото тоа пациентот добива поголема безбедност.

Кои се моменталните трендови при вградување интраокуларни леќи?

-Моментално апсолутен тренд се EDOF интраокуларни леќи, поточно кажано леќи со продолжен фокус , при што пациентот добива многу добар вид надалеку, но сега и близу без наочари. Интраокуларните леќи само за далечина, таканаречени монофокални леќи се помалку се имплантираат, бидејќи при вградување на леќите со продолжен фокус пациентот добива многу повеќе и постоперативно има допаб вид, како надалеку така и наблизу без наоќари што е реално многу голем благодет.

Кои леќи за катаракта ги вградувате и низ колкав оперативен рез тоа го правите?

Користиме леќи со продолжен фокус од француско производство и истите може да се вградат низ оперативен рез од 1.6 мм, што според светските стандарди засега е најмал можен рез. Овој ултра мал оперативен рез овозможува многу брзо постоперативно зараснување, за само 24 часа. Па така пациентот за само еден ден без болничка хоспитализација  добива добар вид и потполно е способен за работа и продолжување на секојдневните активности без никакви ограничувања.

Колку е важна опремата при операција на катаракта?

-Таа е од многу големо значење, пред околу еден месец започнавме со работа  на новиот апарат Stellaris Elite на фирмата  Bausch &Lomb при хируршките интервенции на катаракта и се добива  голема сигурност при самиот тек на операцијата. Секако тука е важен и врвниот оперативен микроскоп Lumera 700 на германската фирма Zeiss, а и споменатата 3D на фирмата Alcon нуди зголемена сигурност за нас а и за пациентите.

Кој е следниот проект на Промедика Офтамологија?

Новиот проект веќе го започнавме, а тоа е купување на нов и технички најнапреден ласер во регионот за корекција на диоптрија. Проектот е при крај и очекувам за неколку месеци на пациентите да им понудиме нов и сигурен апарат, кој заедно со нашето знаење ќе им понуди идеално решение за нивната диоптрија.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.