ММС

Објавено на: 04/26/21 10:45 AM

Хит за 2021 година – како да направите златни и сребрени јајца за Велигден

Замислете полна кошница златни и сребрени јајца за Велигден? Тоа е најгламурозниот детаљ на празничната трпеза.

Начин на подготовка на сребрени јајца:

Потребно е: варени јајца, алуминиумска фолија, белки или органски лепак.

Подготовка: Сварете и оладете ги јајцата. Исечете малу парчиња од алуминиумска фолија. Во посебна чинија изматете белка или користете лепак направен од брашно. Со мека четка намачкајте ги јајцата со белка или лепак, па на нив лепете ја фолијата. Исушете ги и оставете ги јајцата да се исушат.

Златни јајца:

Потребно е: варени јајца (светло кафеави и течна боја за јајца.

Јајцата добро измијте ги со сунѓерче и средство за садови. Потоа сварете ги со сол. Кога ќе се изладат, добро исушете ги. Течната, златна боја за јајца ставете ја на дланките па едно по едно јајце валкајте ги меѓу дланките за да примат доволно боја. Направете го тоа два пати, за бојата да биде подобра.

Извор: Стил.курир.рс

Преведено:М.П.Насковска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.