ММС

Објавено на: 04/26/21 10:23 AM

Комисијата за заразни болести предлага полициски час од 21 часот

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок предложи полицискиот час од 28 април да почнува од 21 часот и да трае до 5 часот изутрината, информираа за МИА од Комисијата.

Комисијата ќе го достави предлогот до Владата која за него треба да одлучи на седница. Владата треба да реши и дали ќе бидат отворени летните тераси на угостителските објекти.

МИА

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.