ММС

Објавено на: 04/26/21 10:24 AM

Ја напишал човек во затвор – Позади песната „Соба за тага“ на Тоше се крие голема тајна

Не постои човек кој не го сакаше, а неговите песни и денес се пејат и слушаат. Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа на 16. Октомври 2007 година во Хрватска, на автопатот Загреб-Липовац. Имаше само 26 години.

Еден од најголемите хитови секако му е песната „Соба за тага“, а малкумина знаат декa позади овој текст се крие тажна приказна.

Стиховите наводно ги напишал еден човек од затвор кој бил на издржување на казна поради убиство на љубовникот на својата жена, а овие стихови и ги посветил неа.

Текстот стигнал до менаџерот на Тоше, кој му предложил да ја сними таа песна, а остатокот е историја.

Како што пренесуваат медиумите, авторот на овие стихови наводно не сакал никаков надоместок за песната, туку само сакал посвета на оригиналниот албум, што и ја добил.

Извор: Стил.курир.рс

Преведено:М.П.Насковска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.