ММС

Објавено на: 04/26/21 8:49 AM

Угостителите со иницијатива до Народна Банка за олеснување на обврските кон банките

Преку иницијативата Угостителската комора бара промена на законска регулатива, одлуки, акти и останати законски прописи за овозможување на банките да направат одложување, отпишување и репрограмирање на доспеани обврски и кредити на угостителите и угостителските работници

Во прилог на иницијативата, од Комората велат дека е ја доставуваатсо цел да излезат во пресрет на комерцијалните банки и да им ја олеснат наплатата на доспеаните обврски по основ на кредити и камати од угостителите и угостителските работници.

Со иницијативата очекуваат измена на законските прописи, со кои ќе им се овозможи и наложи на банките да направат одложување и отпишување или репрограмирање на сите доспеани обврски и кредити на друштвата и нивните вработени од угостителска индустрија за период од најмалку една година од завршетокот на пандемијата Ковид-19.

-Угостителите и вработените во угостителската индустрија се корисници на безмалку 100тина милиони евра комерцијални краткорочни и долгорочни кредити од македонските банки. Скоро да не постои угостител или угостителски работник корисник на разни кредити кои минатите месеци секојдневно не се соочува со притисоци на телефонски јавувања и други опомени од банките за плаќање доспеани обврски по основ на кредити, камати и рати. Факт е дека роковите од минатата година со кои се направени репрограмирање од страна на банките завршија, но пандемијата Ковид-19 сеуште трае со што угостителите и вработените во угостителската индустрија повторно се соочуваат со предизвици да ги исполнуваат обврските по основ на рати и камата во услови кога работат со половични капацитети и ограничено работното време со посебен режим на строги препораки и протоколи за работа или им е забранета во целост вршењето на дејноста. Со оглед дека ниедна комерцијална банка ниту Народната банка не превземаат активности за промена на законска регулатива, одлуки, акти и останати законски прописи со кои ќе им се овозможи на банките да направат одлагање, отпишување или репрограмирање на доспеани обврски – рати за кредити и камати на најзагрозените индустрии кои трпат енормни последици, штети и загуби поради пандемијата ковид-19 ја поднесовме оваа иницијатива до Гуверенерот на Народна банка, а копии од истата доставивме и до сите банки, Претседателот на РСМ, Претседателот на Влада на РСМ, Министерот за финансии и Министерот за економија, стои во иницијативата.

Иницијативата се однесува на сите доспеани обврски заклучно до 30.04.2021 година и да се овозможи дополнителен грејс период на исплата на рати заклучно со 30.04.2022 година.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.