ММС

Објавено на: 04/26/21 7:59 AM

Од невработен до милионер:Киро Максимов од Свети Николе стана супер милионер со освоени 10,5 милиони денари

Прекрасните приказни кои ги испишува Видеолотарија Касинос Австрија своја нова адреса добија во Свети Николе, во името на Киро Максимов, кој е најновиот добитник на СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ. Тој освои фантастични 10.589.134,00 денари.

За Киро Максимов 22 април е среќен ден. Тој е најновиот добитник на сензационалната СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка на  Видеолотарија Касинос Австрија, вредна 10.589.134,00 денари. Среќен и возбуден, расположено со нас ја сподели неговата среќна приказна.

Во четвртокот на 22 април, околу 16 часот, во Клуб спорт 77 Евротип се вклучил сигналот за најомилената џекпот добивка во Македонија, а Киро станал побогат за 10.589.134,00 денари! И како што често бидува, среќата го нашла патот за да слета онаму каде што е потребна.

Иако долго работел во угостителството, Киро во моментов е невработен. Вели дека парите ќе им ги даде на ќерките, а засега е сигурен дека ќе купи стан. Неговата приказна е уште поинтересна поради фактот што не бил некој страстен играч, но повремено сакал да одигра и во обложувалница и на терминалите на Видеолотарија. Во овој случај вложил само 50 денари, колку да го испочитува претчувството дека судбината, можеби, му подготвува нешто големо. И не погрешил.

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ е најнова добивка на Државна видеолотарија – Касинос Австрија и досега најголема, бидејќи се движи во вредност од 8.000.000 до 12.000.000 денари. Покрај неа, тука се МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ во износ од 1.200.000 до 1.800.000 денари и МИНИ ЏЕК ПОТ во висина од 4.000 до 5.000 денари.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно

 

(комерцијална објава)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.