ММС

Објавено на: 04/26/21 7:39 AM

Сонце денес, а сонце и цела недела

Денес времето ќе биде сончево, со температура до 22 степени.

-Сончево со мала до умерена, попладне повремено со значителна облачност. Во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој попладне вдолж Повардарието на места ќе засилува, информираат од УХМР.

Сончево време ќе биде и целата работна недела со исклучок на среда, кога кога се очекува дожд и грмежи. Според најавите овој период температурата нема да се спушта под или до нула, додека максималната на некои места во државава се очекува да биде дури и до 28 степени.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.