ММС

Објавено на: 04/25/21 10:15 PM

Нападот врз новинар ќе се третира како напад врз службено лице и ќе се лежи затвор- Измени во Кривичниот законик

Портпаролот на Министерството за правда Александар Видиновски  најави дека преку измените на Кривичниот законик нападот брз новинарите ќе се третира како напад врз службено лице, за што се предвидени затворски казни.
– Овие измени на Кривичниот законик во Министерството за правда се веќе направени, пратени во Владата и поставени на увид. По завршувањето на периодот за забелешки тие ќе бидат изгласани од Владата и пратени понатаму во собраниска процедура. Очекувањата се дека во втората половина на мај тие ќе се најдат пред пратениците за гласање, истакна Видиновски.за емисијата „25 Минути”.
Според портпаролот на Министерството за правда во измените на законот покрај новинарите, се вметнати и медиумските работници, односно и снимателите.
– Многу често зборуваме за напад врз новинари, но факт е дека и снимателите на терен, исто така се цел на напади, навреди и закани. Со измените на Кривичниот законик и нападот врз нив ќе се смета за напад врз службено лице, рече Видиновски.
МИА

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.