ММС

Објавено на: 04/25/21 8:57 PM

Опра откри кои одговори од Хари и Меган ја шокирале за време на интервјуто

Славната водителка Опра Винфри проговори за интервјуто со Меган Маркл и принцот Хари кое крена прашина во јавноста.

Во текот на промоцијата на својата книга „Што ти се случи тебе.  Разговори за траумата, еластичноста и заздравувањето“, Опра прозборе и за разговорот со Хари и Меган.

Истакна оти не очекувала дека интервјуто ќе предизвика толкава фама во јавноста, но и дека долго се подготвувала за него.

– Ми беше важно сето тоа да му го покажам на светот, за сите да знаат, но не сакав некои работи да излезат пред стварното интервју и да бидат погрешно интерпретирани, вели Опра за магазинот „Пипл“.

Разговорот траел повеќе од три часа, а Опра на екипата која го снимала строго им забранила да откриваат детали пред емитувањето на интервјуто.

– Така пуштавме делови на ЦБС, но на таков начин ништо да не може да се разбере погрешно и да се искористи. Многу труд и енергија беше вложено во сето тоа, додава Опра.

Таа тврди дека неа и на Хари и Меган им било цел да ја споделат вистината со јавноста.

– Сакаа можност да ја раскажат својата приказна и да бидат искрени, вели Опра нескривајќи дека некои одговори ја изненадиле.

– Беше тоа моќен интервју бидејќи тие беа отворени, ранливи и искрени. Интервјуто испадна толку добро бидејќи одговараа на тој начин. Најмногу ме изненадија изјавите за расизмот и кога парот изјави дека синот Арчи не добил титула и тоа што се грижеле за тоа колку ќе му биде темна кожата кога ќе се роди, се присетила Опра.

 

Извор. Нова рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.