Спротивно на Оскари - Златна малина за најлошите филмски потези
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/25/21 8:06 PM

Спротивно на Оскари – Златна малина за најлошите филмски потези

Поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани, награден е со „Златна малина“ за една од најлошите улоги оваа година поради несвесното учество во продолжението на филмот Борат, а апсолутен победник годинава е филмот на пејачката Сиа, Музика.

Филмот на пејачката наиде на низа контроверзии бидејќи на погрешен начин ги прикажала луѓето со аутизмот, а по излегувањето на трејлерот се караше со сите неистомисленици на Твитер, за потоа и да го изгаси својот профил од истата социјална мрежа.

Музика и донесе и признание за најлоша глумица на Кејт Хадисон, а Сиа е наградена со Златна малина за режијата.

Личниот адвокат на Доналд Трамп и некогашниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани е прогласен за најлош спореден глумец за улогата остварена во продолжението на Борат.

Непланираното учество во филмот на Саша Барон Коен му нанесе штета на репутацијата на Џулијани бидејќи во една сцена се гледа како си ја става раката во панталоните во присуство на ќерката на Борат, која се претставува како телевизиска новинарка.

Џулијани се бранеше со тоа што кажа дека не се случило ништо непримерно и дека само си ја вовлекувал кошулата во панталоните.

„Улогата“ на Џулијани му донесе и втора Златна малина – за најлош актерски пар, која му припадна нему и на патентот на неговите панталони.

Златните малини се годишни признанија за исклучително лоши потези во филмската индустрија, а од 1980. година традиционално се доделуваат спроти ноќта на доделувањето на Оскарите.

 

извор: б92.нет

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7