ММС

Објавено на: 04/25/21 5:58 PM

Ставал кофеин и парацитамол за да му тежи дрогата

МВР информира дека ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против И.К.(49) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

-При извршен претрес во домот кој го користи пријавениот, полициски службеници пронашле и одзеле амфетамин–метамфетамин, дигитална вага со остатоци од кофеин и парацетамол, ќеса со мешавина од кофеин и парацетамол и креатин, кој се користи како додаток со цел зголемување на нето масата на дрогата, велат од МВР.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.