ММС

Објавено на: 04/25/21 4:26 PM

Во Грција регистриран случај со индискиот сој на коронавирусот

Случај со индиската варијанта на коронавирусот, одговорна за наглото ширење на епидемијата во Индија, е регистриран во Грција.

Националната огранизација за јавно здравје (ЕОДИ) извести дека „позитивен примерок на варијантата која доминира во Индија“ е откриен по тестирањето на 33 годишна жена која не е државјанка на Грција и живее во областа Атика.

За неа се знае дека патувала во Дубаи на четврти април. Националното тело објави и дека жената пред поаѓањето од Дубаи имала негативен ПЦР тест.

– Ова е прв случај на индиската варијанта на коронавирусот во Грција, потврдил за „АПФ“ извор од грчкото министерство за здравство.

ЕОДИ  вели дека случајот бил случајно откиен во склоп на вообичаеното земање примероци.

Во соопштението се наведува дека жената чувствувала симптоми, но не била хоспитализирана. Сега се чувствува добро и нејзиниот карантин е завршен.

Индискиот сој на коронавирусот именуван како Б.1.617.1, за прв пат е изолиран во индискиот регион Махараштри. Индискиот здравствен систем исклучително тешко го поднесува големиот број на хоспитализирани лица, кои пак во најголем дел и се припишуваат на оваа варијанта на коронавирусот.

 

извор: индекс.хр


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.