ММС

Објавено на: 04/25/21 3:39 PM

Можен состанок меѓу Бајден и Путин во јуни

Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Џо Бајден можеби ќе се сретнат во јуни, пренесува руската новинска агенција „РИА“, повикувајќи се на извор од Кремљ.

Советникот за надворешна политика Јури Ушаков, сепак како што пренесува „Ројтерс“  рекол дека конечна одлука се уште не е донесена.

Ќе донесеме одлука врз основа на низа фактори, вели Ушаков, кој беше руски амбасадор во САД од 1998 до 2008 година.

„РИА“ одвоено ја пренесува изјавата на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј лаврво, кој рече дека предлогот за средба на двајцата претседатели е „позитивно“ примен и дека се размислува за него.

Бајден инаку порано овој месец го повика Путин на состанок, со цел да се смират тензиите околу Украина. Русија тогаш одговори дека тоа ќе зависи од американското однесување, порачувајќи му на Вашингтон да се откаже од новите санкции кои САД сепак ги воведе.

Руско-американските односи претходниот месец паднаа најниско од време на студената војна кога Бајден во интервју го нарече Путин убиец, по што Москва го повлече својот амбасадор од Вашингтон.

САД месецов воведе санкции поради наводното руско мешање во изборите во 2020 година, сајбер нападите, притисокот на Украина и поради „останато злонамерно дејствување“.

 

извор: Н1


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.