ММС

Објавено на: 04/25/21 2:18 PM

„Мицкоски ги реализира порачките од менторот во Будимпешта“: СДСМ го оцени денешниот протест како слава на насилството и режимот

СДСМ го оцени денешниот протест за  поддршка на затворените „уставобранители“ како одбрана на насилство и режимот и  го обвини ВМРО-ДПМНЕ за прекршување на протоколите за заштита од ковид-19.

– Христијан Мицкоски, Јанко Бачев, Димитар Апасиев, инсталациите на Никола Груевски денеска застанаа зад насилството, зад осудените лица кои упаднаа во Собрането на 27 за да спречат транзиција на власта и да ја погазат волјата на народот. На 27 април 2017  на крвавиот четврток, вооружени насилници упаднаа во Собранието и се обидоа да убијат пратеници, новинари и вработени во собраниските служби, тоа го виде целата домашна и меѓународна јавност, наведуваат од СДСМ.

Единствена цел велат е Мицкоски да ги одбрани криминалите во редовите на партијата и неговиот шеф Груевски.

– Мицкоски е остаток од режимското минато, потрчко на Груевски и Мијалков кој работи на штета на граѓаните и државата, но криминалот нема да го одбрани. Одговорност за сите криминали, вклучително и за организаторите на крвавиот четврток мора да има и ќе има, реагираат од СДСМ.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.