ММС

Објавено на: 04/25/21 1:26 PM

Со скандирања и патриотски песни, протестантите бараа слобода за „уставобранителите“ од крвавиот четврток

Со патриотски песни, скандирања „Никогаш Северна само Македонија“, „Нека разберат клетите душмани“  и слогани за „Демократска Македонија“, на денешниот протест се бараше слобода за уставобранителите, осудени за настаните на 27 април.

Според огранизаторите на протестот, обвиненијата за тероризам се политички монтирани, а Врховниот суд треба да го поништи судењето и да има ново, бидејќи имало лажни сведоци.

Оперскиот пејач Игор Дурловски, еден од обвинетите за настаните на 27 април, кој подоцна беше ослободен, пред протестантите ја испеа македонската химна.

На протестот присуствуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој претходно на фејсбук соопшти дека неговата партија ќе го поддржи протестот.

Протестот го поддржа и политичката партија Левица.

Обвинетите за 27 април добија вкупно 188 години затворска казна, откако Апелација годинава им ги намали првичните казни од 211 години. Сите беа осудени поради крвавите инциденти кои се случија во Собранието, при што повредени беа пратеници и новинари.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.