ММС

Објавено на: 04/25/21 9:17 AM

По русокоса сега љуби црнка – Бившиот на актерката Ангелка Прпиќ во нова врска

Поранешниот сопруг на  актерката Анѓелка Прпиќ, Дарио Прпиќ, по разводот најде нова  љубов и веќе седум месеци ужива со својата нова девојка, атрактивната црнка Ана Павловиќ, која не е позната во јавноста.

Тие се запознале откако угостителот се разведе од актерката преку заеднички пријатели. Дарио објави фотографија со новата избраничка на Инстаграм, па лајковите и коментарите на следбениците се нижат. Дарио и Ана не ја кријат својата врска,  се појавуваат заедно во градот, а најчесто поминуваат време во неговиот ресторан во центарот на градот. Според соговорниците, Дарио и Ана многу добро се согласуваат и не се разделуваат, а тие се многу заљубени и се вели дека започнале да живеат заедно.

 

Прпиќ по разводот остана во одлична врска, а тоа го поткрепува и фактот што Дарио не избриша фотографии со неговата поранешна сопруга од Инстаграм. На неговата нова девојка не и пречи, затоа што е полна со разбирање.

 

Како што е веќе познато, Анѓелка е исто така среќна и заљубена жена. Актерката, која се разведе од сопругот минатата година по девет години брак, влезе во врска со поранешното момче на пејачката Александра Радовиќ, бизнисменот Срѓан Стојановиќ.

Медиумите објавија дека главната причина за разводот е тоа што Дарио бил  љубоморен на некои сцени на Анѓелка, но тој остро го демантираше тоа.

Извор: mondo.rs

Фото: Фејсбук

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.