ММС

Објавено на: 04/24/21 8:23 PM

Светото не се подготви за пандемијата како што требаше, тврди Бил Гејтс

Бил Гејтс, филантроп и еден од основачите на Мајкрософт, во последните години беше гласен заговорник на вакцините и вакцинирањето, но и критичар на целиот свет поради неподготвеност на пандемијата која го зафатила.

Гејтс преку својата фондација, вложи милиони долари во истражување на Универзитетот Оксфорд, што на крајот резултираше со вакцина против Ковид 19.

Иако и понатаму е уверен дека светот оваа пандемија го фатила неподготвен, сепак гледа светло на крајот од тунелот.

-Светот не се подготви за оваа пандемија онака како што требаше, но вакцините би требало да овозможат луѓето да се вратат во некој облик на нормалност, истакнал Гејтс во разговор за „Sky News“.

Тој објаснил дека неговата фондација учествувала преку различни инструменти, вклучително и АКТ-А, глобален сојуз на тела што го кординираат доставувањето на тестови, лекови и вакцини низ целиот свет, пренесува Дневник.хр.

-Тоа што го направивме е навистина вредно, бидејќи не се подготвивме доволно за пандемијата. Учиме во движење, но би рекол добра вест е дека делумно поради сите напори на АКТ, делумно поради парите на САД за развој и истражување, имаме вакцини и на оваа пандемија ќе и дојде крајот, рекол Гејтс.

Извор: ba.n1info.com

Преведено: М.П.Насковска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.