ММС

Објавено на: 04/24/21 5:13 PM

(ВИДЕО) Најпопуларното селфи видео на светот – „Легенда до легенда“

Славниот актер Силвестер Сталоне објави видео селфи со своите ништо помалку салвни колеги, а неговото видео доби епитет „Најголемото селфи во историјата на селфито“.

-Екипа каква што никаде нема. Ќе ми недостасува оваа група на луѓе, напишал актерот под видеото кое има речиси три милиони прегледи за помалку од 24 часа.

– Погледнете ја оваа група, најголемото селфи на светот, рекол Сталоне на видеото, а причината многумина велат дека неговиот епитет е оправдан, бидејќи по количина на мускули, шармантност и слава, ретко кој може да им биде конкурира.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sly Stallone (@officialslystallone)

Покрај Силвестер на видеото се и неговите славни колеги Арнолд Шварценегер, Мел Гипсон, Џејсон Статам, Весли Снајпс, Харисон Форд, Антонио Бандерас… Сите видливо добро се забавуваат и позираат за време на снимањето на видеото.

Извор: Телеграф.рс

Преведено: М.П.Насковска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.