ММС

Објавено на: 04/24/21 3:21 PM

Опра Винфри прв пат за интервјуто на Меган и Хари: Кога го кажаа тоа, морав да го прекинам снимањето

Опра Винфри (67) прв пат јавно прозбрела за интервјуто кое го направила со принцот Хари и Меган Маркл, за кое се уште се зборува.

Таа истакнала дека не се сомневала колкави размери ќе добие целата приказна и дека интервјуто ќе одекне во целиот свет. Како што навела, таа сакала само да му овозможи на парот да ја раскаже својата страна на приказната и да ја откријат вистината која е можно да се слушне само од актерите, пишува Дејли Мејл.

Опра рекла и дека најголемо изненадување за неа било тврдењето дека членовите на кралското семејство се расправале за бојата на кожата на нивниот син Арчи, и дека тогаш морала да направи пауза за дојде при себе.

Прашав: „Што? Навистина ќе одите толку далеку?“, се присетила Опра.

Водителката признала дека пред интервјуто разговарала со Меган и Хари за тоа како ќе изгледа сето тоа, во која насока ќе тече разговорот, како што го прави со сите гости.

-Причината зошто интервјуто добило толкави размери е тоа што за соговорници имав некој кој е отворен, ранлив и искрен, како што беа тие, раскажала Опра.

-Не си ги препишувам себе си заслугите за ова интервју, јас придонесов со тоа што поставував прашања, но интервјут испадна такво какво што беше поради начинот на кој тие одговараа на нив, додала познатата водителка.

Извор: Стил.курир.рс

Преведено: М.П.Насковска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.